Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та
Мал интерес кај граѓаните за учество во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та. Тие денес имаа можност да извршат корекција на овие програми доколку сметаа дека некој нивни приоритет е изоставен во нив. Секретарот на општината со објаснување зошто денешната јавна расправа беше слабо посетена.
Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та. Денес тие имаа можност да прашуваат, да сугерираат и да бараат од службите во локалната во буџетот за наредната година да предвидат средства за решавање на некои проблеми од сферата на комуналниот развој, сообраќајот, образованието, културатра или урбанизмот, кои за нив преставуваат приоритет. Но малата сала во општината остана празна. Освен двајца сограѓани и преставници од секторите и секретарот на општината немаше никој друг. Секретарот Димитар Спасески не беше затекнат од ваквата незаинтересираност на граѓаните бидејќи како што кажа за тоа има логично образложение.
Вие знаете дека градоначалникот со својот тим во изминатиот период интензивно врши посета по МЗ. На тие состаноци се разговара токму за оние проблеми кои ги засегаат граѓаните. Тоа е истото на што денес требаше овде официјално да се разговара на денешната презентација на развојните програми.Тие барања на охриѓани ние ги земаме во предвид при проектирањето на буџетот и најголем дел се прифатени во самите програми, рече Спасески.
Секретарот објасни дека граѓаните најчесто ги тангираат проблеми од комуналната и урбанистичката сфера како што се асфалтирање на улици, осветлување, поставување водоводна и канализациона мрежа.
Наш приороитет во овај мандат ни е да ги исполниме сите вакви барања на граѓаните како во иднина би се оставил повеќе простор за инвестирање во образованието, културата и спортот, дециден е Спасески.
Секретарот рече дека во понеделник ќе ги докомплетира развојните програми по што ги затвара и ќе ги достави до Советот на општината кој на 29 декември треба да расправа за донесување на буџетот за 2015та.
{loadposition content9}