Skip to main content

Започнаа активностите

Нацрт Закон за прогласување на Охридско езеро за споменик на природата

Отпочнаа активностите за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа работна средба со преставници на невладините организации, во насока на отпочнување со активности за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.

Заменик министерката Христина Оџаклиеска во своето воведно обраќање се осврна на важноста од донесувањето на овој Нацрт закон за Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО, за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на ова уникатно подрачје.

Од страна на Даниел Богнер од Регионална канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) за Источна Европа и Централна Азија, беше одржана презентација за Студијата за валоризација на природните вредности на Охридско Езеро. Потоа беа преставени основните начела и структурата на Нацртот на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, кој е изготвен и се донесува во согласност со Законот за заштита на природата.

На состанокот присуствуваа претставници од 10 граѓански организации кои работат на полето на животната средина. Невладините ги изнесоа своите забелешки, предлози и прашања.

Сите конструктивни коментари кои се во насока на подбрување на Нацртот на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, се и ќе бидат добредојдени и инкорпорирани во финалниот текст на законот – велат од министерството за животна средина.