Над 1500 матуранти од Охрид, Струга, Скопје и Гевгелија ќе танцуваат на „Матурска парада“
Овогодишната „Матурска парада“ во сите земји учеснички ќе се одржи на 19.05.2023 година,во 12:00 часот. Матуранти во исто време на иста музика во различни градови ќе танцуваат испраќајки порака за ненасилство, мир и толеранција.
Во Охрид, точно напладне, манифестацијата традиционално се одржува на грдскиот плоштад „Св Климент Охридски“.
Оваа година учество на „Матурската парада“ ќе земат 6 земји: Словенија, Србија, Словачка, Македонија, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови.
Во Македонија ќе учествуваат околу 1500 матуранти од Охрид, Струга, Скопје и Гевгелија.
Во изминатите четиринаесет години учествувале матуранти од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија и вкупната бројка на учесници надминува 450.000 матуранти.
Во последните години составен дел на манифестацијата е “заклетва” за ненасилство која ја кажуваат учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува “Матурската парада”.