Skip to main content

Над 300 охридски стечајци поднесле барања за остварување на правото за паричен надоместок

Над 300 охридски стечајци поднесле барања за остварување на правото за паричен надоместок. Пријавувањето во Агенцијата за вработување тече без проблеми. Деновиве се очекува и списокот со претпријатијата со доминантна државна сопственост според кој стечјаците за да почнат да се изготвуваат  решенијата кои стечајциетги исполнувата условите за материјално обезбедување. 

 |  Валентина Неловска  | 

За скоро месец дена од влегување на сила на Законот за стечајци во охридската Агенција за вработување се поднесени 322 барања. Барање за оставрување на правото на паричен надоместок има во најголем број од стечајците од АД ЕМО и Доелите, но и од Засатва – АГП со трговските друштва, Слобода, Братство, Езерка, Илинден, Стружанка, Напредок, Отекс, Лихнида, Охридска трговија и други, информира Јован Баткоски директор на Агенцијата за вработување. Наша цел е со овој закон да бидат опфатени што поголем број стечајци, но мора да се исполнат истовремено сите законски услови за да се оствари правото за паричен надоместок, напоменува Баткоски. Додава дека се очекува владиниот список на кој ги има претпријатијата со доминантна државна сопственост .
„ Очекуваме од следната недела поконкретни информации за да пристапиме кон изработка на решенија за оние лица кои неспорно ги исполнуваат условите за право на материјално обезбедување“, напоменува Баткоски.
Законот за стечај со најновите измени од септември ова година има повеќе поволности и дава право на повеќе фирми стечајците да исполнат услови за материјално обезбедување. Се менуваат условите на работен стаж. Покрај другите услови еден од нив е работен стаж во фирмат од 15 години. Услов кој многу стечајци досега не можеа да го остварат. Од синдикатот засега немаат информции кои стечајците освен од ЕМО и од кои други фирми ќе имаат право на материјано обебедување , информира Драган Цветаноски пре на ро ССМ.

„ Не можам да кажам. Од претходниот закон имаше голем број лица кои неоставрија паричен надоместок од причини што нема доволно стаж. Во претходниот закон услов беше да има над 25 години работен стаж. Голем број лица имаа стаж но не беше платен од фирмите и не го остварија тоа право“, појаснува Цветаноски.

До 19 септември 2018 година до Агенцијата за вработување стечајците може да поднесуваат барања за оставрување на правото за материјано обезбедување на претрпијатијата со доминатна државна сопственост кои останале без своја вина без работа во услови на стечај, ликвидација и технолошки вишок.