Над 300 охриѓани го оствариле правото да направат увид во списокот
Во подрачното одделение на Државната изборна комисија заврши увидот во избирачкиот список. Над 300 лица го оствариле правото да направат увид во списокот. Интерес за увид во избирачката евиденција покажале и граѓани кои живеат во дијаспората.
Синоќа, на полноќ, заврши увидот во избирачкиот список за претстојниот референдум, во охридското одделение на државната изборна комисија. Марга Димкоска, раководител на подрачното одделение, информира дека ова право во текот на 15 дена од кога сипсоците беа отворени за јавен увид го оствариле 305 охриѓани. Од 9 август па се до полноќ само 5 мина граѓани побарале нов упис во избирачкиот список, додека двајца побарле промена на адреса на живеење. Останатите граѓани направиле рутинска проверка на евиденцијата во единствениот избирачки список.
Димкоска, посочува дека до 21 август избирачкиот список е прочистен од лица кои починале, а се евидентирани лицата кои добиле лични документи со добивање на полнолетен статус.
Димкоска додава дека имало интерес за увид во Избирачкиот список од лицата од дијапсорат кои с е интересирале за гласачките места.
Во Охрид, на последните локални избори во 2017 во Единствениот избирачки список биле евидентирани 51.848 гласачи, а во општина Дебрца тоа право го иамле 3 573 .