Skip to main content

Над селото Орман засадени чемпреси и јасени

Над селото  Орман засадени чемпреси и јасени.

 |  Валентина Неловска  | 
sadenje
sadenje

Во Охрид успешно реализирана акцијата „Ден на дрвото засадија својата иднина“. Во близина на селото Орман на 2 хектари беа посадени 6000 дрва од кои 4000 чемпреси и 2000 јасени. Во 14 -та по ред акција се вклучија граѓани, ученици, полицајци, политичари, еколози.

sadenjeЗаменикот министер за одбрана Сашо Стефаноски беше присутен меѓу своите охриѓани. Со акцијата придонесуваме за подобра и почиста Македонија во наредните 10-15 години, напомена Стефаноски.
„ Многу е убаво чувството дека парвите нешто за наредните генерации. Од таа причина се чувствувам посебно, на секоја акција сум присутен  да дадам  придонес нашите деца да дишат почист воздух“, напомена Стефаноски.

Среќен сум што акцијата  прогресира и се посадија голем број  дрвца. Сакам да ја видам Македонија просперитетна, зелена и еколошки чиста држава, кажа пратеникот  Сашо Василески.

„ Се покажува дека државата, заедницата и народот се мотивираат за убави работи. Еден ден во природа значи многу. Овие резулатит нема да се видат утре  туку по 10 -20 години кога оваа држава ќе биде зелена , чиста и еколошка. Да створиме навика за почиста животна средина.“   

Покрај политичарите во акцијата се вклучија и директорот на општа болница Охрид, Љубен Арнаудов и Борис Стојаноски од ЕД „Грашница“. Обајцата упатија повик до охриѓани за создавње навика за садење на дрва.

садење„ Би сакал граѓаните да не чекаат акции. Кога ќе имаат прилика самите да допринесуваат. Државата ја градиме сами ние, таа е наша одговорност и иднина, “ повика Арнудов.

„ На некој начин ги повикувам граѓаните да го искористат овој ден  да засадат дрво за својата иднина и своите деца“, истакна Стојаноски.

Од Македонски шуми напоменуват дека временските услови се поволни за да бидат  успешно посадени садниците. Зоран Најданоски в.д. директор на подружницата Галичица  напоменува дека и досегашните  пошумувања биле успешни.  

„ Одиме со поголем број на садници. На хектар со 3000 садници па од тие 3000 садници 30 % да бидат зафатени е доста голем успех. Тие се доволни за после  x години да се створи шума со еден оптимален број. Затоа водиме сметка да одиме со поголем број на садници па  оние кои ќе останат понатака  да се развиваат“, посочи Најданоски.
В.д. директорот Најданоски нагласува дека во Охрид и околината нема проблеми со шумскиот фонд и дека најзастапени се иглолисните шуми.

{loadposition content9}