Skip to main content

Надлежните незаинтересирани во Охрид да ја вратат нумизматичката поставка од банката Сосиете женерал

Надлежните незаинтересирани во Охрид да ја вратат нумизматичката поставка од банката Сосиете женерал.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Непроценливата колекцијата со монети сеуште ја поседува  Сосиете Женерал Охридска банка наместо градот Охрид. Нумизматичката збирка содржи 1700 монети од античкиот период па се до 17 век и беше подарок во 2005 година од некогашна Охридска банка за градот Охрид. Охридскиот археолог Даница Бачева творец на поставката уште пред три години апелираше нумизматичката поставка како движен споменик на културата од банката и да и се отстапи на градот.  Таа го повика градончалникот и наделжните институции да се зложат колецијата да се врати во Охрид.   Веќе 9 години Охридска банка ја поседува француската банка Сосиете Женерал, а со тоа и непроценливо вредната збирка со  монети.  
Бачева  го оспорува купопродажниот договор помеѓу Сосиетe женерал и Бордот на директори на Охридска банка како незаконски.

„Таа е ставена во 2005 година како движно културно наследство во Управата е дадено и ставено под заштита. Значи штом еден  премет  е ставен како движно или недвижно како значаен објеркт од културата на еден народ тој нема право да е предмет на купопродажба.Тој треба  да се понуди на државата  и ако државата не смета дека е значаен, а е од исклучително значење од националното минато на Македонија, после Сосиете Женерал да го купи. Прво се нуди на државата. Тие се само иматели, а законски сопственик е државата,“ појаснува Бачева која е творец на поставката во 2005 година.
 
Охридскиот археолог Даница Бачева се обидела да ја види во каква состојба е колекцијата, која е во седиштето на Сосиете женерал во Скопје, но без успех.

„Јас мината година отидов и ми рекоа дека не можат да ги најдат клучевите и не ми дозволија да ја видам“, кажува археологот нумизматичар Бачева.

Од 2006 година, Сосиете Женерал нема повикано стручно лице за да се конзервираат и прегледаат монетите од колекцијата, нагласува Бачева. Монетите за да се зачуваат од уништување еднаш во текот на годината мора да се конзервираат. На иницијатива на археологот нумизматичар Даница Бачева и на инсистирање на поранешниот директор на Управата Паско Кузман, кон крајот на 2012 година,  издејствувале Сосиете Женерал да дозволи влез во депото и да направат увид на колекцијата. При тоа Бачева констатирала дека голем дел од сребрените монети се загрозени и мора да се заштитат, но соработката со неа тука застанала и покрај нејзините писмени барања за воспостваување контакт со првите луѓе на Сосиете Женерал.

Најдобра алтернатива е збирката да се изложи во Музејот на Робевци бидејќи и првичната идеја на поранешниот директор на Охридска банка, Најденко Попоски била збирката  да биде подарок за граѓаните на Охрид, нагласува Бачева. Додава дека оваа колекција  покажува кој сме и што сме ние Македонците.