Надминати се административните бариери, Охрид ќе добие Дневен центар за деца со посебни потреби
Охрид ќе добие Дневен центар за згрижување на децата со посебни потреби. Просторот до Инклузивната игротека „Радост“ ќе се доопремува. Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги до јули годинава се очекува конечно и овие лица да го добијат заслуженото катче. Проектот се реализира со помош на Грант за развој на социјална услуга – Центар за дневен престој и индивидуална работа за лица со попреченост во Општина Охрид. Со поддршката на ТВМ, надминати се административните бариери околу добивањето на просторот за реализација на овој значаен проект.
Носител на проектот е Здружението за воспитно образовна психо-социјална поддршка ВОПС од Охрид.
„Благодарност до ТВМ за издвоениот простор во емисијата, заедно успеавме да се избориме за реализиација на нашиот проект за дневен центар да продолжи. Во моментов во тек се тендерските псотапки за средувањето на просторот до крај на јули некаде треба да заврши првата фаза од проектот за воспоставување на услугата тоа значи опремување на дневниот простор, кој што ни е доделен за дневен центар”, изјави Весна Габелоска
Средствата за опремување на Дневниот центар беа обезбедени, но проектот имаше можност да пропадне поради административните долги процедури околу доделувањето на просторот. Сега тоа е минато, дневниот центар ќе биде опремен со ортопедски помагала и опрема, а во него ќе работат стручни лица.
„Да се лиценцира здружението и понатаму од август месец започнува и втората фаза од проектот давање на услугата, која што со доделениот грант трае една година меѓутоа после тоа се потпишува Управен договор со министерство за труд и социјала ао што министерството го презема финансирањето на Дневниот центар и со тоа конечно ќе се реши овој проблем згрижување на децата со посебни потреби во Охрид.“ – додава Габелоска.
Во септември годинава се очекува свечено отворање на Дневниот центар за згрижување на децата со посебни потреби, кој што ќе се наоѓа во просториите на поранешната касарна во Охрид.
Новинар Соња Рилковска