Skip to main content

Центар за управување со кризи

Надојдени реки предизвикаа поплави во Охрид и околината, институциите на терен

ЦУК: Екипи со тешка механизација ја пренасочуваат водата кон езерото, а со пумпи се врши испумпување од подруми, дворови и деловни простории.
 |  инфодеск  | 

Од ЦУК информираат дека во Охрид, одржан е состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, со одлука да се стават на располагање сите човечки и материјални ресурси.

Од таму додаваат дека населбата Далјан е поплавена поради излевање на реката Далја. Екипи со тешка механизација ја пренасочуваат водата кон езерото, а со пумпи се врши испумпување од подруми, дворови и деловни простории. Преку бројот 112 се примени поголем број пријави од оваа локација.

Проблеми се евидентирани и на Коселска река кај с. Ливоишта, каде надојдената вода го подјадува патот кај мостот кон с. Вапила. Надлежните институции се известени.