Денеска во каналот Студенчишта, извршен е вонреден инспекциски увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина.
„На ден 25 април од страна на Државен Инспектор за животна средина од Канцеларијата Охрид Игор Трајкоски, Одделение за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион по 18 часот извршен е вонреден инспекциски надзор кај мостот во канал Студенчишта, по добиена информација за дамка од нафтен дериват во водата.“- информираа од Државниот инспекторат.
При увидот изготвени се фотографии. Согласно регулативата ќе се води инспекциска постапка, велат од ДИЖС.