Градоначалникот на општина Охрид донесе решение со кое одобри исплата на учениците и нивните ментори од основните и средните училишта во општина Охрид кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари во знаење.
Со оваа активност општина Охрид е првата општина во Република Македонија која на овој начин ги наградува своите талентирани ученици.
Дополнително оваа година и превозот за учество на натпреварите на учениците и нивните ментори комплетно беше обезбеден од општина Охрид. Учебната година завршува со промоција на најуспешните, велат од општината.
Листата со наградените ученици и ментори ТУКА.