Skip to main content

Најавено па одложено рушењето на „Мостот на желбите“

Најавено па одложено  рушењето на „Мостот на желбите“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
most na zelbite
most na zelbite

„Мостот на желбите“ се спаси, но до наесен. Среде туристичка сезона денес беше  најавено па одложено неговото рушење. Утрово 50 -тина  жители  од Канео и стар град со жив штит се спротиставија на решението на општинскиот инспекторат да го срушат мостот. Еден од жителите кој се спротистави на рушењето  е и Величе Велјаноски. Тој вели со оваа одлука  се руши нивниот сон Канео да биде поврзан со градот и да не мора да ја искачуваат  500 метарската стрмна нагорнина. Сега кога годините натежнаа и ни е ограничено движењето низ стар град со режимот за сообраќај оваа  одлука навистина тешко ни  паѓа, рече Велјаноски.
most na zelbite
„ Не ја поддржувам иницијативатат да се турка мостот со намера дека власта ќе направи ново мосте. Тоа е во ред. Нека се направи новото мосте па ова нека го турнат ама не во среде сезона кога го рекламираме туризмот. Јас не навлегувам во туризмот , но како жител тешко ми паѓа да се турне.“

И туристите  кои утрово се упатија кон  плажата Потпеш останаа непријатно изненадени од одлуката на охридските локални власти. Гостите кои ги анкетиравме во близина на мостот не се согласуваат и се  против неговото  рушење.

Димитар  Пендов еден од концесионерите на плажата Потпеш по средбата со градоначалникот и локалните власти, информираше дека е  донесено компромисно решение, сепак да не се руши мостот на желбите, рече Пендов.
most na zelbite
„ Најдовме решение кое ќе ги задоволи сите. Се одложува извршното решение за уривање на мостот се додека не се приспособи до реализација проектот кој го има изготвено Локалната самоуправа градење на пешачка патека“.

Од општинскиот инспекторат потврдија дека во моментот го стопирале извршното решение за рушење на мостот. Николче Милески од општинскиот инспекторат напомена дека рушењето е одложено до  завршување на туристичката сезона.

„ Остануваме на ставот дека мостот ќе биде срушен по завршување на туристичката сеозна, а деновиве ќе се направи технички преглед за исправноста на мостот“, напомена Милески.  

Од инспекторатот  најавија проект  за изгардбата на нова пешачка патека од пристаниште до Лабино, но без конкретни податоци докаде е реализацијата на целиот проект кај надлежните институции. 

{loadposition content9}