Skip to main content

Најави за обилни врнежи од снег-службите подготвени

Штабот за заштита и спасување на координација во очи најавените обилни врнежи од снег и изразито ниските температури на крајот од неделава.

 |  Мишел Наумоски  | 
sneg

Најавениот зголемен снежен бран и температури до минус 16 кој се очекува да ја зафати територијата на Охрид овој викенд, почнувајќи од сабота попладне ги алармираше службите во рамки на општинскиот штаб за заштита и спасување. Тие денес на координативен состанок разговараа за тоа што е преземено од сите чинители како би се овозможило нормално функционирање на градот и службите во пресрет на најавите за обилни снежни врнежи. Митко Темелковски од регионалниот Центар за управување со кризи вели дека сите субјекти во рамките на општинскиот штаб за заштита и спасувње ги презеле сите подготвителни активности за справување со врнежите од снег, што во делот на ангажирање на оператори кои ќе работата на терен, што во набавка на абразивни средства.

stab za zastita„Целокупниот простор на општината е поделен во четири таканаречени пакети каде што строго според програма која што е усвоена и од Советот на општината, се распределени конкретно и прецизно правците и приоритетот на дејствување на избраните оператори, а централното градско подрачје и понатака Охридски комуналец ќе го менаџира како јавно претпријатие кое што и во претходните години го покриваше тој простор.“-вели Митко Темелковски од Регионалниот Центар за управување со кризи.

Ангел Јанев од Општинскиот штаб за заштита и спасување вели дека е потребно да се опфатат три сегменти како не би ни се повторила ланската кризна ситуација. Тој го посочи функционирањето на магистралниот пат Охрид-Скопје во делот од Пресека до Охрид, делницата од Охрид кон Битола како и Охрид како функционална целина. Јанев коментираше и околу функционирањето на ЈП „Македонија пат“ како еден од клучните елементи.

najavi sneg„Македонија Пат би требало да си ја заврши работата. Претставникот од „Македонија пат“ е дел од овој кризен штаб за заштита и спасување. Тие ми рекоа дека имаат на располагање возила. Денес до вечер очекуваат уште едно возило. На нас тежината е сега во овие пет шест дена за време на празниците, јас искрено се надевам дека воопшто нема да има застој ниту за нашите сограѓани, ниту пак за гостите што ќе гравитираат кон Охрид и се разбира од Охрид безбедно да си се вратат во нивните места на живеење.“-рече Ангел Јанев од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Максимална коооперативност за беспрекорна функционалност на сообраќајот во време кога се предвидуваат обилни врнежи од снег ветуваат и од СВР Охрид.

sluzbi sneg„Ќе направиме се, преку поставување на сообраќајни пунктови да ги елиминираме сите проблеми во делот на сообраќајот, и да бидеме превентивно поставени со цел да ги почитуваме наредбите кои што ќе се добијат или препораките кои ќе се добијат од АМСМ, од општинскиот штаб, и да не дозволиме сообраќај на оние патни правци каде што ќе има соодветна забрана. Исто така полициските службеници ќе бидат превентивно поставени и низ сообраќајниците низ централното градско подрачје, но и во делот кон граничните премини кај Св.Наум и Ќафасан.“-изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од Општинскиот штаб за заштита и спасување како еден од заклучоците на денешниот координативен состанок донесоа и соопштение со кое апелираат до граѓаните на Охрид максимално да го почитуваат законот за јавна чистота во делот на чистење на своите дворови, просторот пред своите куќи и дуќани од наносите на снег, како и навремено отстранување на своите возила од градските коловози како останатите служби би можеле непречено да ги извршуваат своите задолженија. Во оваа насока, од штабот порачаа дека благовремено ќе биде ангажиран и општинскиот инспекторат во случаи кога граѓаните нема да ги почитуваат предвидените мерки.