Skip to main content

Прво место за најдобар штанд освои РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид на МАССУМ 2026

Средношколците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид имаа најдобар штанд на Државниот натпревар ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ МАССУМ 2026 кој се одржа во Богданци на 23.4.2026 г. во конкуренција на повеќе стручни училишта од Македонија.
 |  инфодеск  | 

На Државниот натпревар ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ МАССУМ 2026 кој се одржа во Богданци на 23.4.2026 г. во конкуренција на повеќе стручни училишта од Македонија, учениците Вељаноски Денис, Вероника Петроска, Ана Стојаноска, Елена Стаменкоска, Дамјан Чолакоски, Андреа Бимбилоска, Марио Здравески, Тамара Црвенкоска, Јован Андов, Давид Димоски, Џани Луманоски, Армин Абас, Ибрахим Фазли, под менторство на професорките Катерина Џамбазоски, Елена Спировска и Катерина Тодороска, учествуваа во категоријата Најдобар штанд и освоија 1. место.

-Овој успех е резултат на труд, посветеност и тимска работа, кои уште еднаш покажаа дека знаењето и упорноста водат до врвни достигнувања. Продолжуваме со истата енергија и мотивација кон нови предизвици и победи, велат од средношколскиот центар.