Најголем дел од Македонските пензионери пензијата ја стекнале по основ на работно право
Статистиката на Фондот на ПИОМ покажува дека поголем наплив на нови пензионери имало пред самиот крај на минатата година. На списокот на ПИОМ во месец декември имало нови 2.473 пензионери.
На почеток на 2021 година Фондот за пензиско и инвалидско осигурување евидентира 326.295 пензионери. Во месец декември имало нови 2.473 пензионери на списокот на ПИОМ. На почетокот од 2020 во јануари имало евидентирани 322.652 пензионери, а на крајот од иста година 326.295 пензионери.
Статистиката на Фондот на ПИОМ покажува дека поголем наплив на нови пензионери имало пред самиот крај на минатата година, а во текот на целата година месечно со право на пензија се стекнувале од 1.200 до 2000 лица.
Најголем дел од пензионерите во државата, или околу 325.000 пензионери пензијата ја стекнале по работно право, а меѓу нив најбројни се корисниците на старосна пензија, додека над сто илјади се корисници на семејна или инвалидска пензија. На крајот на 2020 година Фондот за ПИО евидентира и 1.080 воени пензионери и 90 корисници на земјоделска пензија, меѓу кои нема пензионери по основ на инвалидност.
Просечната пензија во државата во декември минаат година изнесува 15.483 денари.