Skip to main content

Најголеми штети има во автокампот Љубаништа и во Св. Наум

 Неколку барања пристигнале до Општинската комисија за проценка на штети од силното невреме кое погоди  дел охридскиот регион. На потегот од автокампот Градиште до Св. Наум  е направена материјама штета на коли,  камп приколки и кровни конструкции на објекти. Од понеделник се очекуваат да бидат поднесени поголем број на пријави за барање на оштети од елементарни несреќи.

 |  Валентина Неловска  | 

Оштетени коли од откорнати дрвја, превртени и искршени камп приколки, како и оштетувања на кровни конструкции од станбени објекти е епилогот од 20 минуитното невреме кое го зафати охридското крабржје пред неколку дена. Претставници од локалната самоуправа го посетија погодениот реон на потегот од Градиште до Св Наум. За среќа, констатирале помали оштетувања од ветерот кој дувал со брзина од 140 до 150 км, информира Томе Нанески од Фондот за комунален развој.


„ Констатирано е дека најголеми штети има на дел од кампот Љубаништа и кампот Св. Наум и за среќа нема повредени. Начинета е помала штета, има паднати дрвја и се оштетени 10- тина камп приколки во автокампот Љубаништа и 2-3 возила од паднати дрвја“, информира Томе Нанески од Фондот з а комунален развој.

По силното невреме сега се нормализира состојбата и годишноодморскиот престој на гостите во авто камповите во Градиште и Љубаништа, но и животот во туристичката населба Трпејца. Туристите кои летуваат во автокамповите ги поправаат тендите, се санираат откорнатите дрва и околината од откинатите гранки. Вчера, до општинската Комисија за процка на штети од елементарни непогоди пристигнале и првите барања,вели Нанески.Од понеделник очекуваат да пристигнат повеќе барања од граѓани кои претрпеле оштетувања од елементарната непогода.

„ Имаше барања за цела уништена приколка , денес за кров на куќа во Трпејца.Во Св Наум на ресторанот Острово е оштетен кровот. За среќа нема големи штети во нашиот реогион. Кој ќе поднесе барање за обештетување до Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди ќе излезат на терен и ќе направат проценка па ќе имаме поточен број за штетите од невремето“, напоменува Нанески.

Екипи на ЈП Охридски Комуналец ги расчистиле откорнатите и паднати стебла. Успешно напарвиле и посложена интервенци во Трпејца за отстранување на паднато дрво кое се заканувало да падне врз станбен објект. Од Фондот за комунален развој информираат дека во 2017 година дрвјата во двата автокапмови биле хортикултурно средувани , но се откорнале под силината на ветерот.