Најлудата ноќ во Охрид мина мирно
Новогодишната ноќ во Охрид мина мирно. Без инциденти и нарушување на јавниот ред и мир. Бурна ноќ имале на интерното одделение каде пристигнале голем број лица во тешка алкохолизирана состојба.
Најлудата ноќ во Охрид мина мирно. Од СВР Охрид информираат дека ниту еден инцидент не го засени Дочекот на Новата година. Иако на градскиот плоштад и во угостителските објекти за празнициве престојуваат илјадници гости немало нарушување на јавниот ред и мир.
-Новата година од безбедносен аспект мина беспрекорно добро, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Не е регистрирана и ниту една сообраќајна незгода.
За дочекот на Новата година на повеќе пунктови во градов беа распоредени дежурни полициски екипи и сообраќајни полицајци кои за среќА немаа многу интервенции.
Но, ваква мирна ноќ немале на интерното одделение при Општата болница-Охрид. Од таму велат дека имале полни раце работа. Повеќе од 20 тешки пијанства биле третирани на ова одделение. 12 од нив биле малолетници. За среќе сите тие поминале без некои поголеми последици.
{loadposition content9}