Skip to main content

Григор прличев охрид

Најнови книги во охридската библиотека

Од понеделникот градската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
 |  инфодеск  | 
Нови книги

И оваа недела нови пет наслови кои уште од денеска можете да ги побарате на пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Се работи за пет наслови во издание на Сакам книги и Книгохоличари.

„Знаеш ли да чуваш тајни“ од Софи Кинсела, „Слаткоречив туѓинец“ од Лиса Клејпас, „Еден на еден“ од Крис Картер.

Не помалку интересни се и следниве два наслови: „Шепни ми нешто“ од Кери Ен Кинг и „Девојчето што го оставија зад себе“ од Росана Велецос.

Од понеделникот градската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Библиотеката е од отворен тип и читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.