Skip to main content

Најпривлечно за упис гимназиското образование

Во трите охридски државни средни училишта заврши првиот уписен рок.

 |  Валентина Неловска  | 
gim
gim

Во трите охридски државни средни училишта заврши првиот уписен рок. Во СОУ „Св Климент Охридски“ и понатака е најпривлечно за упис гимназиското образование каде што е најголем бројот на запишани средношколци.
Од планираните 442 ученици во трите насоки, во гимназиското образование се запишале 211 ученици. Потфрлање има во еконоското училиште каде  од 78 слободни места се примени 58 ученици. Во здравствената струка  од 34 се запишале 16 ученици,а  има уште 18 слободни места. Во првиот уписен рок во оваа образовна институција  биле одбиени  66 основци од сите струки кои не ги исполнувале критериумите за упис.
 
Во ЕМУЦ  „Св.Наум Охридски“ се запишани 165 ученици во повеќе стручни занимања. Околку 100-тина места останаа слободни. Најголем интерес основците покажеле за изучување на  козметички и сообраќајни техничари, а за другите струки завршените основци имаат можност да аплицирање и во вториот уписен рок.
hrana

Во ОСУ „Ванчо Питошески“ се запишани 72 ученици во неколкуте стручни занимања. Од 102 слободни места за готвачи интерес покажале 34 ученици, а 30-тина ги пополниле местата во струката  хотелско-угостителски техничар од 68. Мал е бројот на пријавните кандидати за келнери и слаткари. Само 6-мина конкурирале за келнер од 34 слободни места, а само 2-ца за слаткари од 34 места.  

Пријавениот број на средношколци, кои покажеле интерес за упис на некоја од насоките за понатамошно образование, за раководствата на трите училишта е очекуван. И од Локалната самоуправа велат дека податоците за запишаните ученици се очекувани и се на ланското ниво. Слободните места кои ги има во средните училишта за нив не се изненадување, а кои  ги планирало Министерството за образование. За Локалната самоуправа показател за реалниот број на учениците кои ќе го продолжат школувањето на некое од трите државни училишта во Охрид се знае уште при уписот на децата во прво одделение, истакнува Серафим Наумоски општинскиот советник за образование.

„ Бројот од 1.146 слободни места за упис во средните училишта во Охрид е голем. Задоволителен број би бил околу 600 слободни места, затоа што голем е бројот на учениците кои се запишуваат во приватните училишта, или пак, одат надвор од градот и во странство за да го продолжат образованието.“    

Учениците кои сеуште не се запишале ќе имаат уште две можности на 27 и 28 јуни и на 16 август.Во вториот дел од првиот уписен рок во некои училишта ќе има намалување на критериумите. Раководството на ОСУ „Св. Климент Охридски“,  утре ќе решава дали ќе ги намали критериумите при упис или пак, ќе останат и понатака истите бодови.

{loadposition content9}