Најскап паркинг ќе плаќаат бродовите до 25 метри должина
Усвоен ценовникот за паркинг на пловните објекти со кој ќе стопанисува ЈП Билјанини извори. Се бара паркинг место повеќе во Студенчишкиот канал. Паркирањето за едрилиците ќе биде бесплатно.
Утврдени цените со кои ЈП Билјанини извори ќе наплаќа за паркирање на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Има место за прифаќање на 147 пловни објекти и се бара место повеќе за паркирање на пловните објекти. Засега се потпишани преддоговори и се исполнети сите обележани паркинг места во каналот. На листа на чекање се десетина сопственици на глисери, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини Извори.
„Ние потпишваме 145 преддоговори со глсиери и катамарани и кајчиња. 25 преддоговори има со едрлици кои се на почетокот на каналот пред мостот. Средивме и се тече добро. Наидовме на соработка со оние кои ги имаат регистрирано пловните објекти. Сопствениците на пловилата сакаат да има ред во тој дел од каналот“, вели Јованоска.
Пловните објекти за кои се склучени преддоговори со ЈП ќе имаат обележан простор со број за секое пловило, чуварска служба која ќе се грижи за безбедноста на пловилата. Од ЈП размислуваат и за воведување на содржини кои ќе се во прилог на повисок степен на еколошка заштита на каналот.
„ Имаме барање до Макпетрол да постават буриња за собирање на маслото кое го менуваат пловните обејкти. Тоа е прв чекор. Според правилата сакаме да направиме кран за подигање на катамараните затоа што тие најчесто го менуваат маслото на моторите на секои 12-15 дена. Да не дојде до загадување во каналот ќе обезбедиме место на паркинг просторот кај „Котва“ да се подигаат катамараните и да се врќаат во каналот“, споделува Јованоска за еколошките зафати на ЈП.
Според ценовникот со кој ќе стопанисува ЈП, најскап паркинг ќе плаќаат бродовите до 25 метри должина кои треба да издвојуваат 50.000 денари годишно за билет за паркирање, а катамараните 20.000 денари годишно. Сопствениците на кајчињата до 5,5 м ќе плаќаат годишна закупнина од 2.000 денари. На Охридското езеро и во каналот бесплатен паркинг ќе имаат едрилиците. Тоа е во насока да се стимулираат како еколошки пловила за разлика од останатите, информира Јованоска.