Skip to main content

„Најуспешен спортист во Охрид“ годинава со новитети

Најуспешниот спортист ќе биде прогласен на самата манифестација.

 |  Мишел Наумоски  | 
najuspeshen sportist
најуспешен спортист

Охрид и годинава ќе добие најуспешен спортист. Оваа спортска манифестација која привлекува особен интерес, годинава, ќе има повеќе новитети. Меѓу другото, организаторите од Сојузот на спортови од Охрид, побараа од охридската јавност самата да дава предлози околу начинот, терминот, местото и сценариото на оваа манифестација.

FK Ohrid 2004„Планираме јавноста, останати личности, продуцентски куќи, поединци, било кој, да се јават на еден наш повик кој што го имаме оваа година предвидено, да оваа манифестација биде малку поинаква него оние стандардни во Охрид, само доделување и кажување кој е победник, кој е најуспешен и да се заврши таа работа. Значи таа манифестација да си го најде местото во една културно-спортска програма на градот како понуда на градот Охрид во овој период кога и онака е мртвило во културното и спортското живеење во градот.“-рече претседателот на Сојузот на спортови на Охрид, Коста Карадимче.

Инаку, заинтересираните спортисти, поединци или спортски екипи кои функционираат на територијата на градот своите апликации за „Најуспешен спортист за 2012“ година треба да ги достават до 5ти Јануари 2013 година, а еве кои се критериумите.

RK Ohrid„Најосновен критериум е апликантот да настапува во Охрид и да е член на охридски клуб. Други параметри се да поседува решение од Централен регистар на Република Македонија каде што е запишан како деловен субјект кој се занимава со дејноста-спорт, да поседува решение од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, која води грожа за сите спортови и спортски клубови, и потоа се оние веќе успеси, дипломи, признанија, посебно од сите натпревари.“-вели Карадимче.

Како дополнителен критериум, апликантите треба да достават и своја кратка биографија и извештај од официјалните интернет страни на натпреварите каде што учествувале и ги постигнале резултатите. Инаку годинава ќе се бираат десет најуспешни спортисти во десет различни категории.

Победниците, за разлика од минатата година ќе бидат прогласени на денот на одржувањето на манифестацијата кој дополнително ќе биде одреден, а се очекува да биде во втората половина од јануари 2013 година.

{loadposition content9}