Skip to main content

Највкусните балкански јадења на Софра 2012

Скара, ѓувеч, полнети пиперки, охридски крап, десерти…Вкусно нели?

 |  Мишел Наумоски  | 
sofra 2012
софра 2012

Музика, дружба и прекрасна храна. Се чини ова е рецептот за вистинска забава кој Софра 2012 толку успешно го зготви. Овој фестивал на храната кој го собра Балканот во мало, и пријателска Русија, ги понуди најубавите јадења и специјалитети од Македонија, Србија, Бугарија и Русија. Мирисот на јадењата кои секоја држава ги подготвуваше едноставно носи на едно прекрасно место.

skara Srbija Вистинска штета што екранот на вашиот телевизор не знае тоа да го пренесе. Сепак ќе се обидеме да ве однесеме најблиску што може до оваа прекрасна манифестација. Ова се учесниците, и нивните национални јадења.

„Ова е традиционален Бистрички ѓувеч. Тој се прави од зеленчуци и од два-три вида на месо, но преовладува месото над зеленчуците за да биде ова Бистрички ѓувеч. Исто така ќе приготвиме и палачинки на Руски и Македонски начин со диви печурки и див лук, ама тука немаме диви печурки и див лук па ќе ги направиме со домашни печурки и лук.“-велат претставниците од Бугарија.

„За предјадење ќе имаме полнети патлиџани и полнети пиперки и тиквици со сувомеснато, свински шницли на жар, поховани свински шницли, беќарац и лути пиперки, а за десерт некој овошен колач ќе имаме.“-рекоа од општина Чичевац, Србија.

Rusija tavce„За предјадење имаме полнети патлиџани, поховани тиквички, за јадење од тесто ќе имаме погача македонска и ѓомлезе, за главно јадење имаме крап охридски и лапни-голтни специјалитет во погача. За десерт имаме охридска торта. Дефинитивно крапот, охридскиот крап ќе ни го донесе првото место.“-велат од Меѓународниот славјански институт од Битола.

„Кумановска тава, кумановски суџук, кумановска везана салата, со мекици или теганици, разни сувомеснати од кумановски производители. Сирење кумановско, вино кумановско, ракија и тоа.“-рекоа претставниците од Куманово.

„Имаме јунечка тава, имаме тиквички, чорба во котле, имаме леб печен под сач. Не знам дали ова ќе не однесе на прво место ама барем нема да бидеме гладни.“-се пошегуваа извидниците од Скопје.

Bitola sofraОрганизаторот на овој несекојдневен настан, Драги Миланов вели: Трпезата е култно место каде членовите на семејството се собирале, комуницирале, разменувале идеи, се забавувале, славеле и уживале. Тој изрази огромно задоволство што Софра годинава слави прекрасен јубилеј.

„Годинава овде сме собрани со цел да се продолжи онаа традиција што ја започнавме пред десет години, а голем дел од учесниците овде биле на повеќе манифестации присутни и тоа дружење ќе го продолжиме и понатаму и ќе го збогатуваме од година во година. Им посакувам на сите учесници да се чувствуваат убаво како членови на едно големо семејство безразлика од која средина или земја доаѓате.“-изјави организаторот на Софра 2012, Драги Миланов.

Инаку овој фестивал на храната го организираат Друштвото за македонско-руско пријателство и соработка Липа од Свети Николе, Сојузот на здруженија на македонско-руско пријателство и соработка, Меѓународниот славјански институт од Свети Николе, Државниот универзитет од Тамбов-Русија и Амбасадата на Русија во Македонија. На Софра 2012 учествуваат околу 10 групи со над 100 учесници. Па нека победи највкусното јадење.

{loadposition content9}