Skip to main content

Највкусните сендвичи пристигнаа и во Охрид

Највкусните сендвичи пристигнаа и во Охрид. Се отвори сендвичарата Вили која е дел од ланецот сендвичари кои повеќе години успешно работат во Скопје и Србија. Квалитетот и пристапните цени се она што ги прави единствени.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во Охрид пристигна брендот „Вили“ под кој се препознаваат едни од најдобрите сендвичари во државава. Ова име веќе 13 години успешно опстојува на пазарот и им нуди на љубителите на брзата храна висок квалитет и посебно уживање. Покрај во Македонија, сендвичарите „Вили“ шест години ги имаше и во Србија каде исто така успешно работеа создавајќи свој препознатлив имиџ, вели сопственикот Вили Ракичевиќ.

Плескавиците се од јунешко месо, запазен е хасап системот, имаме и сопствено производство на месо и на целиот асортиман. Значи имаме квалитет, но и пристапни цени и затоа нашите муштерии се многу задоволни, вели Вили Ракичевиќ- сопственик на сендвичарите Вили.

Сендвичарата се наоѓа на улицата „Димитар Влахов“ во непосредна близина на училиштето „Григор Прличев“. Има широк асортиман на храна и пијалоци како и голем број додатоци кои храната ја прават повкусна. Ова ќе биде едно освежување во понудата на брза храна како за охриѓани, така и за туристите кои доаѓаат во градов.

Охрид го одбравме бидејќи имавме големо барање од клиентите во Охрид кои ги имаат пробано нашите сендвичи во Скопје. Се издвојуваме по квалитетот кој го препознаваат нашите посетители, вели Ракичевиќ.

Моментално сендвичарата „Вили“ ќе работи во две смени, а во иднина се планира да се воведе и трета смена. Засега овој ланец на сендвичари го има само во Скопје и Охрид, но плановите се да се прошири и низ други градови во Македонија.