Накитена подводната елка
Членовите на клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора“ во Заливот на коските кај Градиште, во Охридското Езеро, традиционално, една недела пред Новата Година ја накитија подводната елка.
podvodna elka
Членовите на клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора“ во Заливот на коските кај Градиште, во Охридското Езеро, традиционално, една недела пред Новата Година ја накитија подводната елка. Спектаклот кој е традиционален и покрај студената вода, не само што не изостана, туку во него се вклучија и најмладите нуркачи кои за прв пат присуствуваа на овој несекојдневен настан.„Искуството е прекрасно и многу ми се допадна и сигурно ќе бидам тука и другите години кога ќе се кити елката. Заедно ја споделуваме радоста за со леснотии да ни помине годината без грижи и со среќа“, вели Милан Лазарески ,млад член на „Амфора”.
Спонзор на оваа своевидна атракција годинава е весникот „Нова Македонија“, кој обезбеди пакетчиња за најмладите, кои им ги врачи лично Дедо Мраз, кој покажа дека знае и да нурка. И не само деца, годинава во китењето на елката се вклучија и припадничките на понежниот пол.„Нуркањето не е ексклузивен спорт само за машките, туку и жените учествуваат во овој спорт“, вели Горан Балев од Нуркачки центар „Амфора”.
Професионалните нуркачи од Амфора велат дека со елката во езерото сакаат на граѓаните да им посакаат среќа и бериќет во Новата 2012 година.
„Да си ја честитаме Новата година и да им посакаме здравје, среќа и успех на сите нуркачи и сите граѓани на Р Македонија“, вели Милутин Секулоски – Нуркачки центар „Амфора”. Новогодишниот амбиент во езерото беше надополнет со музика и забава за која се погрижи подводниот лимен оркестар, а не изостана ни традиционалната здравица со шампањско.
Новогодишното дрво накитеното со шарени лампиони и украси, нуркачите го поставија на 5 метри длабочина. Оваа елка е единствена на Балканот која се кити под вода, а со самото тоа претставува вистинска туристичка атракција.
{loadposition content9}