Се намалуваат долговите на јавните здравствени установи. Болниците во земјава пред една година беа во долгови од околу 5 милијарди денари. Најголемиот долг имаше клиниката за онкологија, околу 700-800 милиони денари, но во долгови се дават и болниците во внатрешноста. Од Фондот за здрватсво велат вкупните долгови се намалени за околу три милијарди денари, а здравствените институции веќе фунцкионираат без потешкотии.
– Ние направивме еден круг на раздолжување минатата година и онa што сакавме низ преговорите со установите да постигнеме е одржливо ниво на финансирање. Значи да има финансирање кое нема да создава нови долгови, а со кампања во зависност од буџетските можности да го редуцираме стари долг. Последната моја информација е дека долгот е намален на 3 милијарди и дека поголем дел од институциите немаат проблем со финансиското работење, вели Кленковски директор на Фондот за здравство.
Надлежните велат се работи на стабилизација на финансиската состојба во јавното здравство, со домаќинско работење до крајот на годинава долговите ќе бидат на одржливо ниво. Долгот во охридската болница за една година е намален за 50 милиони денари.
На 21 јули 2024 година пред да станам в.д директор институцијата имаше вкупен долг од 171 милион денари доспеани долгови. Во овој момент до денес долгот е 117 милиони денари, вели д-р Горан Маркоски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.
– Дел од регионалните болници како охридската болница имаа значителен долг. Во многу болници имаше недомаќинско работење. Во Прилеп има и уапсени и во притвор заради кривични дела. Мислам дека со домаќинско работење до следната година долгот ќе го средиме на одржливо ниво бидејќи сите ние имаме долгови, прашањето е дали можеме да ги сервисираме или не имаме капацитет или не, додава Кленковски.
Болниците се дават и во долгови по разни основи, но има и од судски спорови по основ неисплатени надоместоци за работа, јубилејни награди и слично.
Новинар Соња Рилковска