Skip to main content

Намален интересот за училишното осигурување

Интересот за лично осигурување на учениците од година во година се намалува. Директорите на основните, средните а посебно стручните училишта сметаат дека тоа е пожелно за секој ученик. Сумата кој се плаќа е минимална а децата се осигурани 24 од повреди кои можат да се случат и на училиште и надвор од него.

 |  Николоска Биљана  | 
skolooo
школоо

Средношколка од Охрид на час по физичко образование паднала и се здобила со повреда на левата рака заради што во специјалната болница Св Еразмо и поставиле гипс. Родителот на ученичката кој сака да остане анонимен, за ТВМ обелодена дека секоја година плаќале по 100 денари за училишно осигурување, но и покрај тоа, кога се случила незгодата осигурителната компанија не и платила ниту денар обештетување иако уредно ги доставиле сите потребни документи.

„Гиskolooo поднесов јас лично документите, прво поднесов фотокопија со изјава од девојчето како се случило, потоа ми рекоа не фотокопија туку оргиналите и докторот да потврди дали навистина е донесено во болницата Св Еразмо и тој документ им го доставив накнадно“ – изјави родителот.

Од училиштето велат дека дополнително ќе го преиспитаат овој случај бидејќи условите на полисата биле јасни, односно дека со уплата од 100 денари, учениците 365 дена 24 часа биле осигурани од повреди при несреќен случај без разлика дали тоа е случено во училиште или надвор од него. Директорите на охридските училишта едногласни  дека училишното осигурување е добро, посебно во оние школи каде се изведува практична наставата како што е тоа во електортехничката и машинската струка каде учениците се изложени на ризици.

„Добро е што ретко се случува да имаме несреќни случаи и добро е да ги нема воопшто но во овие изминати две години се случија два случаи училиштето и лекарот си обезбедија комплетна документација се достави барање за надоместок на штета до осигурителната компанија и позитнвно се завршија и двата случаи“ – вели Јане Цаноски.

Сличен е ставот и на Јордан Пуроски, директорот на ОУ„Св Климент Охридски“. Тој смета дека иако не е задолжително, пожелно е секој ученик да биде осигуран.

doko„Гледаме има многу агенции, значи цената е минимална тоа не е во склоп на училиштето но добро е секој ученик да биде осигуран, бидејќи знаеме дечиња се трчааат ќе се удрат сепак на еден начин некој трошкови доколку се повреди некое дете во целост ќе му бидат вратени, но интересот за осигурување на учениците е се помал и помал“ – рече Пуроски.

Дека интересот за училишно осигурување се намалува потврдува и првиот човек на ОУ „Братство и Единство“ Муамер Доко.

„Интересот на учениците за лично осигурување  е една третина од бројот, значи не е ниту 50% од вкупниот број на ученици што значи дека од 1004 ученици се осигурани 287 ученици“ – нагласува Доко.

Директорите појаснаа дека на почетокот на школската година се спроведува постапка за осигурување на учениците каде осигурителните компании доставуваат понуди, по кои Советот на родители одлучува на која компанија ќе го доверат осигурувањето на нивните деца. Инаку учениците се осигурани од паѓање, лизнување, удар со некој предмет, исчашување или прелом на коски, удар од електрична струја, ранување, труење, опекотини и други ризици кои можат да предизвикаат повреди.

{loadposition cocontent9}