Намален интересот за зимување. Во споредба со минатите години охриѓани пројавуваат се помал интерес за зимски одмор. Од туристичките агенции велат има богати понуди за сечиј џеб во познатите зимски центри во регионот, Копаоник, Златибор; Банско, Боровец но граѓаните годинава помалку букираат.
Поголем интерес има за дводневни или тродневни патувања низ европските земји.
„Оваа година некако послаб е интересот за патување надвор, меѓутоа секако дека има клиенти кои се одлучија Новогодишните празници низ европските метроли. Тука би ги зидвоил Виена, Будимпешта, Истанбул тие беа најпродавани и најбарани од нашите гости”, вели Јаким Маленко туристички работник.
Од друга страна, подалечните тропски дестинации како Малдиви, Занзибар, Мароко, Бали и Куба последниве години стануваат се поатрактивни особено за помладата популација.
„Во последно време точно така далечните дестинации, тропските дестинации се многу атрактивни и барани. Особено во овој зимски период има доста заинтересирани кои одлучуваат да одат во тие тропски краишта да се стоплат. Често и да искористат некоја прилика како запросување, или да прослават некој јубилеј или годишница, Така да и овие патувања се доста застапени”, вели Маленко.
Инфлацијата и еконoмската криза има влијание за намалениот интерес за зимување, но според туристичките агенции охриѓани поретко патуваат за празници, впрочем тогаш повеќето имаат работа особено лицата вработени во хотелско угостиелскиот сектор и туризмот.
Новинар Соња Рилковска