Skip to main content

јп водовод

Денес намален притисок и прекин на водата во делови од Охрид и Пештани

Реконструкција на пумпната станица Метропол: Привремени рестрикции во водоснабдувањето
 |  инфодеск  | 
Прекин вода

ЈП Водовод информира дека поради изведување на одредени зафати при реконструкција на пумпената станица Метропол, денес од 08:30 часот до завршување на активностите, со намален притисок ќе бидат делови од градот Охрид како и околните места.

Во нивното соопштение се додава дека ист така ќе се врши замена на постоечки вентили на главната водоводна линија во Пештани, при што ќе има прекин во водоснабдувањето на овој потег од 08:30 часот до завршување на активностите.