Skip to main content

УХМР

Намален водостојот на Охридско Езеро за еден сантиметар

Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро синило

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, само водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека нивоата на Дојранското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за август и тоа за 1,24 метри кај Дојранското и за 1,83 метри кај Преспанското Езеро.

За разлика од езерата, водостоите на реките најчесто се во рамките на просекот за август и бележат благо зголемување или намалување на нивото во споредба со вчера.