Skip to main content

Ухмр

Намален водостојот на Охридското езеро

Во споредба со вчера, за еден сантиметар е намален водостојот на Охридското езеро, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за пет сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за октомври. Пониско од просечното и тоа за 1,79 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,44 метри повисок од просечниот.