Намален е бројот на инциденти во Охридското езеро
Подобрена е безбедноста на Охридското Езеро, констатираа Министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на денешната работна посета на Капетанија на пристаништата на Р. Македонија. Тие остварија средба со охридскиот градоначалник како и со надлежните од Капетанија.
Намален е броот на инциденти во Охридското езеро. Безбедноста во водите на езерото е зголемена во споредба со предходните години. Ова е заедничка констатација на Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Ваквата состојба ќе се одржува меѓу другото и со поригорозни мерки за прекршувачите на правилата во водениот сообраќај. Јанакиески смета дека измените во законот за внатрешна пловидба гарантираат подобрување на состојбите за безбедноста во сообраќајот на Охридското езеро.
„Со измените на законот се предвидува времено одземање на пловила доколку не го почитуваат законот и тоа во три случаи, прво кога има претовар на патници, второ кога се вози без соодветна дозвола и трето кога се вози надвор од ограничувањето доколку скутерите и пловните објекти возат надвор од временото на ограничување тогаш ќе има времено одземање на возилото од шест месеци ова го правиме со цел уште повеќе да ја зголемиме безбедноста“.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека на средбата покрај за состојбите во водениот сообраќај станало збор и за безбедносната состојба воопшто во градот, бројот на туристи, состојбите во сообраќајот, како и за се она што ги засега посетителите на Охрид во летниот период, но и граѓаните. Таа посебно нагласи дека се информирала и околу тоа каква е состојбата со заштитата на Охридското Езеро при што се констатирало дека имаме евидентно подобување откако концесионерот ги превзел своите надлежности.
„Заеднички констатиравме дека политиката на зголемено превентивно дејствување и спроведување на превентивни проекти за поголема безбедност пред се на вода даде свои резултати во текот на оваа година, состојбите се навистина поволни. Тука морам да ја истакнам и добрата соработка со Локалната самоуправа каде што по доаѓањето на новиот градоначалник навистина сведоци сме на една драматична промена на комуникацијата помеѓу Локалната самоуправа и институциите на Централната власт на општо задоволство и на задоволство на охриѓани и туристите“.
„Имаме значителното подобрување на состојбите со водниот сообраќај, безбедноста на плажите, капачите и корисниците на пловни објекти“, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Додаде дека годинава тоа се должи на интензивираната комуникација на локалната власт со министерствата за внатрешни работи и за транспрот и врски, како и со Капетанијата.
„Тоа претставува јасен сигнал за гостите и туристите кои се корисници на пловните објекти дека од оваа година па во иднина ќе се придржуваме кон сите законски регулативи многу построго се со цел да обезбедиме побезбедни услови за нив и туристичката сезона да наликува на центар кој што се стреми да биде значајна туристичка дестинација на балканот и пошироко“.
Со заедничко делување на Капетанијата и полицијата досега се извршени 150 контроли и санкционирани се 7 лица кои извршиле прекршување на Законот за внатрешна пловидба, за што законот предвидел казна од 800 евра.
{loadposition content9}