Се намалаува бројот на невработените лица во Охрид
Моментално во општината најголема е потребата за доктори, стоматолози, фармацевти и медицински сестри, како и од информатичари, и заварувачи.
Драстично се намалува бројот на невработените лица во општина Охрид, информираат од Центарот за вработување. Така заклучно со месец јули 2012 година, бројот на невработени лица според нивната евиденција изнесува точно 8078 лица. Само за споредба пред пет години бројот на невработените лица изнесувал над 12 000. Според Јован Баткоски, директорот на Центарот, причините за ваквиот тренд се воведувањето на електронскиот систем на евиденција, потоа измените од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои статусот за невработеност не е услов за оставрување на правото за здравствено осигурување и секако последна причина е воведување на проактивен однос во работењето на центарот. Баткоски вели дека за ваквата позитивна состојба придонело и воведувањето и реализацијата на голем број проекти кои се спроведувани во Центарот.
„Основата цел на овие проекти е јакнењето на вештините на невработените лица за нивно вклучување на пазарот на трудот, како и проектите со кои се овозможуваше дирекно започнување на бизнис, а се со цел за намалување на бројот на невработените односно зголемување на невработеноста и намалување на сиромаштијата“ вели директорот Бaткоски.
Со проектите за самовработување, многу лица започнаа сопствени бизниси кои се веќе одржливи на пазарот на трудот. Што се однесува до моменталната состојба на пазарот на трудот во нашата Општина, директорот Баткости истакна дека нивната улогата е да посредуваат и да им помогнат како и на работoдавачите и така и на невработените да стигнат до својата цел.
„Карактеристично е тоа што дефицитарни занимања се од здравствената струка, фармацевти , лекари, кои не можат да започнат приватен бизнис, потоа стоматолози, мед. Сестри, заварувачи, информатичари и други“ објаснува Баткоски.
Што се однесува до појавата, во летниот период голем број лица од други градови во државава да работат сезонски во Охрид, посебно во угостителството, Баткоски вели дека согласно законот секоe лице од било кој град од државата може да дојде и да работи во Охрид но според него понтересен е и фактот што охриѓани кои се водат како келнери во центарот за вработување, одбиваат да бидат ангажирани од работодавачите токму за овие работни места. Инаку од центарот информираат дека во тек е огласот за изучување странски јазици и информатика за сите невработени лица до крај на месецов, како и курсевите за сметководители и електромонтери.
{loadposition content9}