Skip to main content

рке

Од полноќ бензините поевтинуваат за седум денари, дизелот за 5,5 денари

Согласно новата одлука Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се точи по цена од 86,00 денари од литар, додека новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 88,00 денари за литар. Цената на Еуродизел БС ќе изнесува 94,50 денари по литар.
 |  инфодеск  | 
a man pumping gas into his car at a gas station

Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за поевтинување на нафтените деривати во просек за 7,51 проценти во однос на цените утврдени на 2 ноември.

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, па новата цена на 95-ката изнесува 86 денари, а на 98-ката 88 денари за литар.

Дизелот поевтинува за 5,5 денари и ќе се продава по 94,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 6,5 денари, на 103,5 денари за литар. Поевтинува и мазутот, за 6,26 денари по килограм, на 49,31 денар.

Намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот. За бензините акцизата е намалена за два денара, а за дизелот за четири денари по литар.

Дополнително, за дизелот е применета и намалена стапка на ДДВ од 10 проценти.