Намалување на сезоналноста во туризмот треба да биде приоритет на Охрид
Охрид треба да размислува за вонсезонски туризам. Од ноември до март со исклучок на Новогодишните празници главниот туристички центар во земјава зјае празен. Градот им капацитет за привлекување гости и во зимските месеци, доцна есен и рана пролет, но потребно е креирање на вонсезонска понуда.
Прво поголема промоција на културните атракции со кои изобилува охридското крајбрежје и воведување на вонсеознски намалени цени на сместувањето и угостителските услуги.
– Вонсезоната најчесто се пробива преку културниот туризам ако во тие рамки посебно се важни културните манифестации и конгреси. Треба да тежнееме кон организирање на некои форми на саеми во рамките на туристичката дестинација со тоа ќе можеме многу подобро да настапуваме вон сезона. Вонсезоната исто така ја подобрува интересот на екскурзиите кои не се само во рамките на нашата држава туку надвор од неа тоа дава перспектива, вели професорот по туризам Науме Мариноски.
Потребно е инвентивност на туристичките агенции и работници кои заеднички ќе може да креираат една богата вонсезонска понуда, која ќе опфаќа активен, рурален, планински, културен, верски и гастротуризам.
– Ние имаме донации во игралиштата за активен туризам но имаме многу пропусти во смисла на одржување, мислам дека на тој план треба повеќе да се работи. Дисперзијата на туристите подразбира да отвориме некои такви паркови тие стојат во стратегијата за развој на туризмот надвор од самото јадро на оваа дестинација, додава професорот Мариноски.
Експертите изминатава летна сезона ја оценуваат како исклучително успешна. Гости имаше од април па се до крајот на октомври.
Новинар Соња Рилковска