При извршување активности во селото Оровник и поврзување на водоводна цевка, испаднал дел од истата со што настанал голем проблем. Вработените во фирмата која ги извршува активностите наместо да го санираат проблемот, си заминале, реагира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Ваква неодговорност, вакво однесување никаде нема. Поврзувањето на водоводната цевка во село Оровник се изврши и при пуштањето на водата еден дел испадна, а вработените си заминаа. Лично се јавив и кај фирмата подизведувач и кај одговорните од Синохидро, им завршило работното време. Не бе, не сте вие виновни, јас сум виновен, убаво не сакав да Ви дозволам во наредните два месеци да се приближите до водоводот – напиша Ногачески на официјалниот фејсбук профил.
Тоа што требаше да го направат Синохидро и неговите подизведувачи / си заминаа на “заслужен одмор”/ , за половина саат го направивме ние. Водата потече кон резервоарот во село Оровник – информираше Ногачески.
Погледнете го видеото на следниот линк