Наместо кај Гимназијата автобуси ќе се чекаат кај Жито Леб на Туристичка
Се дислоцира автобуската постојка кај Гимназијата.
| | Охрид
Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ја информира јавноста дека поради изведување на градежни работи, автобуската постојка позади Гимназијата (Бул. Туристичка) нема да биде во функција од 03.06.2021 година до 10.06.2021 година.
Наместо неа ќе се користи автобуската постојка кај Жито Леб (Бул. Туристичка).