Skip to main content

Наместо зеленило, смет

Купишта смет, наместо уредено зеленило за здрава животна средина.

 |  Николоска Биљана  | 
dzubre
џубре

Наместо уредено зеленило, купишта смет расфрлан насекаде.  dzubreВаква е секојдневната слика на дел од ул. Карпош Војвода, каде што до израз очигледно доаѓа негрижата на станарите од околните станбени комплекси во тој дел.

Наместо во садовите предвидени за комунален смет, едни ѓубрето го фрлаат од терасите а други пак следејќи го лошиот пример само го оставаат преку оградата.

Покрај комунален отпад на тоа место не ретко се одлага и градежен шут, па оттука совесните граѓани ги повикуваат надлежните инспекциски служби да излезат од канцалариите, бидејќи сметаат дека во делови од градот имаат полни раце работа.

Дел од нив сметаат дека на ваквите места треба да се преземат радикални мерки од страна на надлежните со цел да се заштити животната средина.

{loadposition content9}