Skip to main content

Наметки, бањарки, детски пижами, постелнини-донација за болницата „Св.Еразмо“

Приватната Клиничка болница Аџибадем Систина донираше 3000 парчиња наметки, пижами, постелнини за специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
donacija
донација

Приватната Клиничка Болница „Аџибадем Систина“ од Скопје со донација од околу 3000 парчиња медицински униформи, бањарки, пешкири, ноќници, детски и машки пижами, наметки, постелнина за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид.

donacija postelniniДиректорот на „Св.Еразмо“, д-р Митко Тилев вели дека тие секогаш работат во интерес на пациентите и подобрување на квалитетот на услугите.

„Пред се благодарам до вас и вашиот менаџерски тим на Аџибадем Систина за оваа донација што се состои од текстилни артикли што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на услугите што ги пружиме на пациентите како и дел за персоналот што работи. Ние сме две установи, болници кои работат во еден систем во Република Македонија, нашиот јавен сервис, а вие приватен, но нашата соработка е подолготрајна.“-вели д-р Митко Тилев-Директор на специјалната болница за ортопедија и трауматологија-„Св.Еразмо“ од Охрид.

Sistina donacijaПретставниците од Клиничката болница Аџибадем Систина велат дека се надеваат дека со оваа донација ќе се помогне и на пациентите, но и на персоналот во обидот да го зачуваат здравјето на пациентите.

„Многу сме среќни што ја правиме оваа соработка и среќни што ја предаваме оваа донација од Аџибадем Систина болниците. Нашата прва и основна цел е да им помагаме на пациентите, да им го чуваме здравјето. Ние сме во истиот систем, во здравството и треба да ги споделуваме ресурсите и благодариме уште еднаш што не примивте.“-рече Јигит Аката-Клиничка болница „Аџибадем Систина“-Скопје.

Инаку во согласност со својата мисија и визија за унапредување на квалитетот во здравството и грижата за здравјето, од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ велат дека ќе продолжат и во иднина да ги остваруваат своите задачи како општествено одговорна компанија, а за таа цел ќе реализираат повеќе проекти за унапредување на здравствениот систем во Р. Македонија.

{loadposition content9}