Skip to main content

Свр билтен

Нападнат 20-годишен охриѓанец на бул. Туристичка

Приведен е 31-годишен охриѓанец кој физички нападнал 20-годишен сограѓанин. Со остар предмет му упатил закани, а потоа му одзел пари.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 26.02.2023 година во 01:45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Д.(31) од Охрид.

Тој, претходно на булеварот „Туристичка” во Охрид, физички го нападнал Е.М.(20) од Охрид и со остар предмет, кој е пронајден и одземен, му упатил закани, а потоа му одзел пари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.