Нападнат дилер на девизи
Новичиќ Михајло синоќа пред влезот на својата зграда бил претепан од страна на засега тројца непознати сторители.
Повредениот Новичиќ бил пренесен во Општата болница Охрид. Ова разбојништво го потврдува и од СВР Охрид. Службите веќе работат на расветлување на случајот. Од таму велат дека се се поблиску до сторителите бидејќи на лице место пронајдени е пиштол марка 762мм, каменот и други траги од крв.
Првичните неофицијални изјави говорат дека се работи за дилер на охридската берза која последниве години важи за црна точка во криминалот. Се по евидентно е дека безбедноста на овие улични препродавачи на девизи е загрозена. Сеуште се свежи сеќавањата на охриѓани за убиствата на тројцата дилери, за кои е обвинет Лазе Радески.
{loadposition content9}