Нападнатиот професор Иљази се огласи за причините
Нов инцидент предизвика советникот Нефи Усеини. Физички нападнал и упатил закани за убиство кон Иљаз Иљази професор на Штуловиот универзитет. Иљази се здобил со телесни повреди заради тоа што отстранил див приклучок од водоводната мрежа со одобрение на службите. Случајот е пријавен во полиција. Иљази не се чувствува загрозен за безбедноста, но очекува институциите да постапат според надлежностите.
Професорот на Штуловиот универзитет Иљаз Иљази бил физички нападнат од советникот Нефи Усеини. Покрај ударите кои 60 годишниот Иљази ги добил по телото и главата добил и закани за убиство. Иљази претходно не го познавал Усеини. Инцидентот се случил по одстранување на див приклучок за вода. Жителите од двете згради во кои е и викенд станот на Иљази во населбата Далјан, со недели имале слаб притисок на вода. Иљази како претседател на куќниот совет барал од МЈП Проаква одстранување на проблемот. Службите од водовод утврдиле дека станува збор за див приклучок на водоводната мрежа од каде се напојуваат двете згради, па во меѓувреме тој го одстранил, раскажува Иљази.
„ „Излегов на балкон , ме повикаа да се симнам. Претходно пријавив и кажа дека има див приклучок и ми кажаа тргни го цревото. Некој денес се обидува да каже дека броилото било тука претходно, но тоа било на друго место. Грешката била на друго место и во институциите. Се обратив на органите. Јас го тргнав и се вратив назад. Потоа дојде приказната со нападот и влечењето“, раскажува Иљази за причината на инцидентот.
Иљази случајот го пријавил во полиција. Тој не се чувствува загрозен по својата безбедност, но очекува институциите да постапат според надлежностите.
„ Не стравувам. Ни граѓаните да не се плашат. Полицијата зеде изјави од станарите. Тие велат не сме виделе ништо, а јас ги разбирам. Но, од друга страна има слики кои не можат да ги одречат пред јавниот обвинител“, напоменува Иљаз Иљази.
Иљази за физичкиот напад и заканите кои му ги упати соевтникот Нефи Усеини вели дека има снимка во траење од 7 и пол минути. Жално е сето ова што се случува во нашата земја и во Охрид, напоменува професорот.