Skip to main content

Култура

Напиши стих – напиј се кафе

Во чест на Светскиот ден на поезијата, охридската Библиотека „Григор Прличев“ го организираше настанот „Напиши стих – напиј се кафе“.
 |  Голабовски Крсте  | 
стих и кафе

Пиење кафе и поезија во охридската градска библитека, „Григор Прличев“, по повод Светскиот ден на поезијата 21-ви март. Авторите и голем број граѓани кои ја сакаат поезијатаденес имаа можност да напишат сопствен стих или да цитираат стихови од познати автори, светски писатели. Одблизу можеа да се запознаат и со работењето на градската библиотека. Директорот на установата, Милчо Јованоски вели целта на настанот е пред се дружењето низ кое до израз доаѓа и креативноста изрзена низ убавата мисла.

„Напиши стих, напиј се кафе“, е една веќе традиционална манифестација по повод Светскиот ден на поезијата 21-ви март. Овој пат се одлучивме тоа биде во нашата библиотека, луѓето да не запознаат одблиску. Тоа пиење кафе да биде еден вистински ритуал, каде ќе можеме да ги информираме луѓето за библиотеката и за нејзиното работење. Тоа ќе биде убав повод да напишат по некој стих и да прогориме за тоа што сакаат да читаат“ – кажа Милчо Јованоски – директор Н.У Библиотека Григор Прличев.

Организацијата на вакви настани во голема мерка придонесува кон популаризацијата на поезијата, како уметничка форма, во последнава деценија некако ја губи популарноста кај читателите. За таа цел на 19-ти април Охрид ќе биде дестинација на еден голем патувачки светски поетски фестивал, проект финансиран од Министерството за култура.

„Поезијата си има своја посебна вредност и убавина. Треба да ги насочиме и наше е да ги насочиме читателите со секојдневните користења на социјалните мрежи , да ги потсетиме дека постои и таков вид литература и дека на некој начин сите ние сме поети.„Се работи за наша соработка со поетска академија од Крајова, Романија, „Михаил Еминеску“. Ќе имаме една паралела на поети од 15-на земји од светот кои ќе допатуваат овде во наша организација. Со помош на Министерството и спонзори, ќе се обидеме да бидеме добри домаќини , ќе има и македонски автори, настанот ќе трае три дена“ – објасни Милчо Јованоски – директор Н.У Библиотека Григор Прличев.

Ќе се избира најдобра поема за Охрид, ќе бидат посетени неколку локалитети во градов , каде ќе се одржува читање на поезија во живо. Дел од тој патувачки светски фестивал, ќе се одржи во „Прличевата одаја“ и ќе се компарираат двајцата автори Еминеску и нашиот Прличев, кои живееле во истиот 19 век, твореле истовремено, а не се познавале.