Skip to main content

Направен спој на археологијата и компјутерската технологија

За прв пат кај нас направен спој на археологијата со компјутерската технологија.

 |  Валентина Неловска  | 
plaosnik
plaosnik

За прв пат кај нас направен спој на археологијата со компјутерската технологија. Визуелизирана ранохристијанската базилика од 5 век на Плаошник. Неколкумина студенти од  Универзитетот Апостол Павле под менторство на арехологот Владо Маленко изработија проект со кој може да се види како изгледала базиликата во периодот на нејзината градба. Професорот Јане Бакрески кој исто така учествуваше во проектот се надева дека ова ќе биде мотивација за институциите. Тие треба да сфатат каква е сериозноста на ваквите проекти и колку може да се придонесе да се  промовира  културното наследство и каков е бенефитот од  културниот туризам, напоменува Бакрески.
komjuter
Ѓорѓи Лазарески е еден од  петмината студенти кои останаа доследни  и истрајни при изработката на проектот.  Покрај  Лазарески, со своето знаење од различни видови софтвер, учествувале и студентите Ермира Алиу, Ѓоко Момир, Александар Русески  и Влатко Дојчиноски. Ние сакаме да придонесеме со нашите вештини за презенатција на археологијата, посочува Лазарески.

„ Целта на проектот  е да се запознае населението и корисницит со 3D реконструкцијата. Да може да влезат и да истражуваат преку виртуелен музеј и во други објекти кои ќе бидат реконструирани“.

Визуелната презентација на базиликата на Плаошник  беше преставена пред  учесниците на Првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам. Желбата на студентите, професорите и археологот Маленко е подготовка и презентација на други слични проекти на археолошки локалитети кој ги има во Охрид.  Следен предизвик им е визуелизирање на целиот град од римскиот период  со тврдината  и останатите градби.   

{loadposition content9}