Skip to main content

Напредокот е видлив, но предизвиците остануваат-Денес е светскиот ден на ромите

„Декадата на Ромите обезбеди подобра иднина за многу припадници на ромската заедница во Македонија“. Вработувања, стипендирање на ученици и студенти се само дел од придобивките од оваа стратегија чијашто цел е поголема интеграција на припадниците на ромската заедница во општеството.

 |  Мишел Наумоски  | 
den romi
ден роми

Напредокот е голем, но голем број предизвици и натаму остануваат. Денес е 8ми Април, меѓународниот ден на ромите. Ден кој од 2007та година навака, на предлог на тогашниот пратеник, м-р Шабан Салиу, за припадниците на ромската заедница е државен празник и неработен ден во Република Македонија. Во секој град, празникот различно се одбележува, некаде се носат традиционални носии, некаде пак се одбележува со други манифестации.

den na romiteОна што е важно е дека постои голема разлика од состојбата во која некогаш се наоѓале ромите, до онаа во која се сега. Според претседателот на Демократските сили на ромите од Охрид, Фејзо Шемо, разликата ја прави стратегијата на Европската унија, „Декада на ромите“.

„Можам да ви кажам дека и дури од лани до сега имаме напредок, благодарение на таа Декада на ромите, па да ја искористам оваа прилика и да кажам дека денес проструи една информација дека Декадата на ромите ќе продолжи уште 10 години, односно до 2025та година. Од лани до оваа година ромите конкретно во Охрид, веќе се чувствува дека има подобрување на ситуацијата, односно се вработени во институциите на системот, одиме напред. Од таа гледна точка, Декадата ни помогна многу.“-рече претседателот на Демократските сили на ромите, Фејзо Шемо.

romi tancИнаку на предлогот на Слободан Берберски, од 6-8 април 1971 година е одржан Првиот Светски конгрес на Ромите. на Конгресот присуствувале делегати од 14 земји. Тие го прифатиле името Ром, определиле официјално знаме во сина и зелена боја со тркало од кочија на средина и химна на сите Роми во светот да биде „Џелем, џелем“. Биле формирани пет комисии, кои ќе се занимаваат со општествени проблеми, образование, воени злосторства, јазик и култура. Што се однесува до македонските роми, тие со своите активности даваат голем придонесе во јакнењето на тоа движење и развојот на ромите. Според пописот во 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 роми или 2.66 проценти од вкупното население. Скопската Општина Шуто Оризари е единствената општина каде што мнозинството се Роми.

За жал сеуште останува фактот дека и покрај се поголемата интеграција на ромите во општеството, во голем број земји, тие барем според организациите за заштита на човековите права и натаму се дискриминирани и маргинализирани.

{loadposition content9}