Skip to main content

Наредната недела се бира фирмата која ќе ги санира и асфалтира дупките низ охридските улици

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, велат дека тендерот воедно се однесува и за асфалтирање на помали улици, како и санирање на навлаки и прекопи на целата територија на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
dupki

 Се наѕира конечната замена на бекатон плочките со кои беа крпени ударните дупки низ охридските улици.  Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици информираа дека пред три работни дена завршила тендерската постапка за јавна набавка на асфалт за санација на улиците, што во текот на зимскиот период беа крпени со бекатон плочки.

saniranje dupki„Се прибраа понудите од економските оператори за реализација на истиот тој јавен оглас кој што го спроведе општина Охрид. Во текот на наредната работна недела економските оператори кои се јавија за оваа јавна набавка ќе бидат викнати на електронска аукција, а по нејзиното завршување и одбирањето на најповолната понуда од страна на соодветниот економски оператор ќе се пристапи кон потпишување на договор со истиот и ќе отпочне со реализација на овој ветен процес од наша страна за санација на ударните дупки на целата територија на општина Охрид.“-вели  Љупчо Танески-портпарол на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици.

saniranje udarni dupkiТанески појаснува дека доцнењето со тендерската постапка за набавка на асфалт за санирање на улиците, се должи на тоа што истиот е пообемен и наместо да се однесува само на санирање на ударните дупки, со овој тендер ќе биде опфатено и асфалтирањето на некои помали улици, како и санирање на навлаки и прекопи на целата територија на општина Охрид.

„Се изработи еден нацрт план по кој што се санираат ударните дупки, ќе бидат заменети бекатон плочките со што потрајно ќе се реши тој проблем, а ќе бидат санирани и оние понови навлаки и прекопи кои што ги прават јавните претпријатија и други економски оператори низ целата територија на општина Охрид, во рамките на овој нацрт план се опфатени улици како во централното градско подрачје така и во поширокото централно градско подрачје, но и на периферните делови од општина Охрид.“-рече Танески.

asfalt udarni dupkiВо рамките на поопширната санација и асфалтирање ќе влезат делови од булеварот „Туристичка“ потоа улиците „7ми Ноември“, „Радојца Новичиќ“, „15ти Корпус“, „Марко Нестороски“, како и навлаки и прекопи на улицата „Абас Емин“ и помали сокачиња кои гравитираат во нејзина околина. Инаку најповолниот понудувач по тендерот за асфалтирање на охридските улици би требало да биде избран во наредните десетина работни дена, по што би започнале предвидените активности.