Skip to main content

АК Патагонија и Културолошката иницијатива 5 до 12

Наредниот викенд тридневен планински настан: Еко ехо на Галичица

Активностите ќе се реализираат во планинска куќа „Спиридон“ во Националниот парк Галичица.
 |  инфодеск  | 

Наредниот викенд, од 20 до 22 јуни ќе се одржи тридневен планински настан кој ќе вклучува проекции на планински филмови, планинарење, виа ферата, еко акција, музика, вкусна храна и добра дружба.

Настанот кој е во организација на АК Патагонија и Културолошката иницијатива 5 до 12,а во соработка со ЕХО Фестивал и НП Галичица, поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), ќе се реализира во планинска куќа „Спиридон“ во Националниот парк Галичица.

Организаторите најавуваат дека филмските проекции се бесплатни и дека целосната програма со филмови ќе биде објавена наскоро.

Крајниот рок за пријавување е 18 јуни до 15:00 часот, а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк.

—————————————— АГЕНДА—————–
ПЕТОК / 20 ЈУНИ

19:00 | Пристигнување на посетителите во Планинска куќа Спиридон (самостојно или со организиран превоз)
19:30 | Вечерна проекција на планински филмови

САБОТА / 21 ЈУНИ

09:30 | Пристигнување на посетителите во Планинска куќа Спиридон (самостојно или со организиран превоз)
10:00 | Планинарска тура до врв Магаро
10:00 | Виа Ферата со симболична цена од 600 денари
целодневно | Забавни активности во дворот на планинарскиот дом, музика и дружба
19:30 | Вечерна проекција на филмови

НЕДЕЛА / 22 ЈУНИ

09:30 | Пристигнување на посетителите во Планинска куќа Спиридон (самостојно или со организиран превоз)ЕКО тура до врвот Лако Сигној

  • Искачување од Спиридон
  • Чистење на околината од отпад
  • Музика на врвот, освежување и ужина (организирано од АК Патагонија)