
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска- Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска и нивни колеги ги посетија ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Дебрца“, с. Белчишта во охридскиот регион реализираа донација на установата на компјутери, а во соработка со Синдикалната организација на Банката, за децата во овие училишта се обезбедени сите задолжителни лектири за основно образование од 1 до 9 одделение.


Децата и наставниците од ООУ „Кочо Рацин“ ги пречекаа претставниците на Народната банка, дарувајќи им искрени насмевки и посакувајќи им добредојде со претстава и изложба на детски изработки мотивирани од македонски денар, а во ООУ „Дебрца“ со приредба на која ги претставија истакнатите македонски дејци кои го завршија основното образование во ова училиште.


-Народната банка продолжува со својата хумана мисија за подавање рака на децата за нивното образование – влогот во образованието на децата е најголем влог во иднината, се вели во соопштението од Народната банка на Македонија.

Latest Охрид
