Skip to main content

„Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ подарок за посетителите на КИЦ „Култура 365“

Од 10 до 16 март, КИЦ „Култура 365“ ќе подарува книги, а сите оние кои ќе го посетат Културно- информативниот центар во периодот од 9 до 15 часот, ќе добијат книга.

 |  Голабовски Крсте  | 
a.den dolaard
а.ден долаард

Од 10 до 16 март, КИЦ „Култура 365“ ќе подарува книги, а сите оние кои ќе го посетат Културно- информативниот центар во периодот од 9 до 15 часот, ќе добијат книга. Овојпат сатнува збор за книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ од Мишо Јузмески.

a.den dolaardА. ден Долард 60 години активно се занимавал со пишување и како писател и новинар создал многубројни дела од областа на поезијата и на прозата. Некои негови книги покрај тоа што имаат доживеано десетици изданија, се издаваат и денес, десетлетија по нивното прво објавување.

„За македонските читатели, секако, најинтересни и најблиски до срцето се неговите записи за македонската земја, нејзините луѓе, обичаите, начинот на живот. А. ден Долард околу половина век ги следи македонските состојби и известува за значајните историски моменти непосредно од теренот, вклучувајќи го времето пред и по Втората светска војна“, вели писателот Мишо Јузмески.

Ден Долард, роден на 7 февруари 1901 година, со неговите патописи и романи е главниот „виновник“ што токму холанѓаните се најбројни западноевропски гости во овие краишта последните 40-тина години.

{loadposition content9}