Skip to main content

Населба Даљан во вода до колена

Поплавени станбени комплекси во населба Даљан. За влез и излез во зградите на станарите им беа потребни гумени чизми до колена. Ова е 32 годишен проблем со кој се соочуваат жителите на Сатеска 40. Тие бараат одговорност од МЈП Проаква, бидејќи проблемот со поплавите со атмосферската вода ги остави и без струја.

 |  Николоска Биљана  | 
poplava daljan
поплава даљан

poplava zgradaДел од населба Даљан, Охрид, во вода до колена.  Дождот кој што од утрово го зафати градов, поплви неколку влеза од станбени комплекси во населба Далјан. А тоа им донесе проблем на жителите од ул Сатеска 40. Пристапот за влез и излез од зградите е возможен само со гумени чизми до колена, а не беа ретки и оние кои боси или со изводенети обувки  поминуваа низ поплавата. И не само тоа, на жителите скоро и да не им остана ништо од годинешната зимница бидејќи и подрумите и гаражите пливаат во вода. Тие се крајно револтирани, велат, проблемот е присутен со секое невреме од дожд и снег веќе цели 32 години.  Како главен и одговорен виновник го посочија  МЈП Проаква.

„Секојпат имаме проблеми кога ќе заврни, колектор пуштиле или не, неможел доволно да постигни а во стварност не пуштат, кога ќе ургираме пуштаат 10 -15 минути. Тоа е нивна работа а важно ние се поплавуваме. Фала Богу нема олуен дожд, ако има сите ќе не однеси. poplaven podrumЗа жал ова не е прв пат ова ни се случува веќе 30 години ама надлежните се или неспособни или не скаат да го решат проблемот а може да се реши сабајлево се јавувам во Нискоградба ме препраќаат во Проаква  никому не му е гајле нас не бараат овде само кога има избори“-се жалаат станарите.

Одговорот од раководниот тим на МЈП Проаква, на жителите им беше познат и веќе со години го слушале истиот. Објаснувањето на Старкоски, дека во вакви случаи работеле сите четири пумпи на колекторскиот систем во тој дел, жителите го дочекаа со негодување. Тие сметаат дека работеле само две пумпи затоа што некои од нив утрово биле кај пумпните станици.  Инаку на поплавените жителите од Далјан кога има вакви случаи, екипите на ЕВН редовно интервенираат и им  ја исклучуваат електричната енергија поради опасност од експлозија и пожар. Ем поплавени, ем без струја и се така 30тина години наназад при секој посилен дожд.

{loadposition content9}