Skip to main content

Населбата Рача ќе добие плоштад

Во тек се  завршните активности за изградба на мини- плоштадот во населбата Рача.

 |  Голабовски Крсте  | 
plostad
плоштад

plostadВо тек се  завршните активности за изградба на мини- плоштадот во населбата Рача. Oд ЈП Градски гробишта, кое е изведувач на градежните активности, информираат дека плоштадот се поплочува со фино обработен гранит, бетонски и  бехатон плочки, по што централниот дел ќе  биде соодветно хортикултурно уреден.

На плоштадот ќе биде поставена и фонтана, за која ЈП Водовод- Охрид веќе има обезбедно водоводна инсталација.

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до урбаните и месните заедници на подрачјето на општината да доставуваат барања за вакви или слични проекти и активности.

{loadposition content9}